Бајден: Путин е „касап“

Бајден: Путин е „касап“

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече својот руски колега Владимир Путин „касап“ за време на средбата со украинските бегалци во Варшава . Бајден изјави дека не е убеден дека Путин ја сменил стратегијата на Русија во војната за да се фокусира на источните региони.

Тој на новинарското прашање за тоа што мисли за Путин кратко одговори.

„Тој е месар“, изјави Бајден.

Тој пред новинарите на средбата со украинските бегалци рече дека „не е сигурен“ дека Русија ги сменила стратегијата.

Бајден- Членот 5 на НАТО е „света обврска“

Москва вчера соопшти дека нејзиниот фокус е префрлен на источните региони на Украина Луганск и Доњецк, попознати како Донбас. Делови од регионот паднаа под контрола на сепаратистите откако Русија незаконски го анектираше украинскиот Кримски Полуостров во 2014 година.

Во меѓувреме досека Бајден се подготвува да одржи говор со кој ќе ја заокружи неговата тридневна европска турнеја, се вжештуваат борбите во Мариупол на југоисток и Чернихив на север. Украиските власти соопштија дека експлозии се слушнаат и во близина на западниот град Лвив.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …