Гранатирана станбена зграда во Киев

Експлозии и густ чад во Лвов, откажан полицискиот час во Киев

Неколку експлозии одекнале во градот Лвив на крајниот запад на Украина, при што над периферните делови на градот се извива густ чад, јави Би-Би-Си. Се уште нема подетални информации за причините на експлозиите во овој град што е на само 80 километри од границата на Украина со Полска.

Во главниот град на Украина, Киев, пак градоначалникот Витали Кличко претпладнево нареди полициски час што да трае од вечерва до понеделник наутро, но подоцна Кличко го откажа продолжениот полициски час без образложение. Во Киев вообичаено има полициски час секоја ноќ од 20 часот до 7 часот утредента.

Руските војски инаку денеска го зазедоа гратчето Славич, во кое живееја работниците што ја опслужуваат згаснатата нуклеарна електрана „Чернобил“ . Градоначаникот бил заробен. Подоцна попладнето жителите на Славич излегоа на протест.

Претсседателот на САД Џо Бајден по средбите со министри од украинската влада, а подоцна и на средба со полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава, рече дека рускиот претседател Владимир Путин сигурно очекувал дека ќе посее раздор во НАТО и дека се изненадил кога тоа не му успеало.

„Уверен сум дека Владимир Путин сметал на тоа дека ќе биде во состојба да го подели НАТО, да го подели Источното крило од Западното, дека ќе може да ги подели државите врз основа на историјата. Но не беше во состојба да го направи тоа – сите останавме заедно. Сметам дека е важно ние, Полска и САД, да држиме заедно чекор“, рече Бајден.

Инаку, украинскиот министер за одбрана соопшти дека Бајден ветил дополнителна воена помош за Украина, но не соопшти никакви детали.
Во борбите во Украина загинал уште еден генерал, генерал потполковникк Јаков Резанцев, и тоа е седмиот руски генерал што го загубил животот во инвазијата на Украина, јави Би-Би-Си.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …