Бајден

Бајден размислува за нова кандидатура, ама одлуката уште не е донесена

Во емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес, претседателот на САД Џон Бајден, говорејќи на неколку теми, рече и оти размислува да се кандидира за втор претседателски мандат, одлуката уште виси во воздухот.

„Кога би ви кажал ‘пак ќе се кандидирам’, така одеднаш, многу работи влегуваат во игра…. Јас сум голем почитувач на судбината. Па така, си ја работам работата…. Ќе ја сработам работата… И во некоја временска рамка по овие сред-мандат избори [за Конгресот], влегувајќи во следната година, ќе донесам одлука што ќе правам [за кандидатурата]“… Тоа е сега само намера. Но цврста одлука повторно да се кандидрирам? Останува да се види, рече Бајден.

Во САД на 8 ноември се организираат парламентарни избори за сите 435 пратенички места во Претставничкиот дом, односно Долниот дом на Конгресот (парламентот) на САД, и за 34 од 100-те места во Сенатот. Изборите се не

Во емисијата Бајден, ја прогласи ковид-пандемијата за завршена, но истовремено кажа дека има многу проблеми со ковидот.

„Пандемијата е завршена. А уште имаме проблеми со ковидот. Уште многу треба да работиме. Но пандемијата е завшрна. Ако забележавте, никој не носи маска. Сите изгледаат како да се во добра состојба“, рече Бајден.

Тој се пофали, инаку, дека кога го почнал мандатот, само 2 милиони Американци биле вакцинирани, а сега бројката пораснала на 220 милиони.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Запалени два танкери со нафта на Блискиот Исток, Иран се закани дека цената ќе оди до 200 долари за барел

Запалени два танкери со нафта на Блискиот Исток, Иран се закани дека цената ќе оди до 200 долари за барел

Два танкера беа запалени во ирачките води утрово во најновиот бран напади врз нафтени и …