Банките бараат нов законски рок за исплата на корисниците на финансиска помош

Банките бараат нов законски рок за исплата на корисниците на финансиска помош

Со цел успешно реализирање на еднократна финансиска помош од 6.000 денари како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, банките максимално ги ставија на располагање своите ресурси и во согласност со Законот за финансиска поддршка во краткиот законски рок, до крајот на работното време на 25 декември вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

„Во овој краток период успешно беа исплатени над 90 отсто од корисниците на финансиската помош. Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека нашите членки – банките, како и досега, подготвени се со сите свои ресурси да излезат во пресрет на проектите од јавен интерес, а посебно на оние кои се наменети за социјално ранливи категории граѓани. Притоа, секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи. Во таа смисла, после истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови,“ се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …