производи маркет цени

Бектеши: Направени се корекции во цените, нема веќе да се кријат производи од рафтови

Кон крајот на минатата недела беше донесена нова одлука која треба да се применува од денес, односно производителите 70 посто од нивните производи ќе мораат да ги пласираат на домашниот пазар, рече Бектеши, додавајќи дека „никој не може да ги крие производите.

Денеска на владина седница била донесена одлука за корекција во делот на замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.

„По консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, утврдивме зголемување на увозните цени и до 30 посто, посебно кај доматите, краставиците и кај гравот. Контролите на инспекциите и надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период се со цел да не бидат оштетени граѓаните, Буџетот на државата, како и да се сузбие и сивата економија и да има поголема конкурентност на домашното производство“, изјави Бектеши образложувајќи ја последната одлука на Владата.

Според корекцијата, новите највисоки цени на овошјето и зеленчукот се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони. Кај карфиолот се укинува ограничувањето на највисока цена.

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто во продавниците не можат да се најдат и да се купат домати, краставици или кромид, Бектеши рече дека „ни се случува истото што ни се случуваше и со производителите на леб“.

„Затоа кон крајот на минатата недела беше донесена нова одлука која треба да се применува од денес, односно производителите 70 посто од нивните производи ќе мораат да ги пласираат на домашниот пазар“, рече Бектеши, додавајќи дека „никој не може да ги крие производите и ќе следуваат инспекциски надзори и казни за секое непочитување на одлуките“.

Прочитајте повеќе

Мицкоски го објави составот на новата Влада, ќе има четири вицепремиери

Мицкоски го објави составот на новата Влада, ќе има четири вицепремиери

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го објави идниот состав на новата Влада. Вечерва …