Средба Грковска и Јовески: Јакнењето на интегритетот во правосудниот систем е клучен за враќање на довербата кај граѓаните

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржаа работна средба на која се разговараше за  активностите на Јавното обвинителство во насока на имплементација на забелешките содржани во Извештајот на Европската Комисија. Вицепремиерката Грковска во координација со институциите надлежни за справување со корупцијата презема конкретни активности за доследна имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на нашата држава.

Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност, во рамки на своите надлежности за доброто владеење и унапредување на владеењето на правото,  да даде поддршка на активностите на Јавното обвинителство со цел да се надминат нотираните предизвици во Извештајот на ЕК. Кабинетот е отворен за соработка со сите надлежни институции за потребата од зајакнување на внатрешните механизми и се залага за воспоставување на мерит-систем во сите институции.

Таа потенцираше дека јакнењето на интегритетот во правосудниот систем е клучен за јакнење на довербата во правосудството, но и за обезбедување правда и правичност. На обуките за интегритет, но и на сите други обуки треба да се гледа како на инвестиција. Обуките треба да бидат дел од мерит системот, односно треба да се мери ефектот од обуките преку вреднување на бројот на предмети во кои било применето стекнатото знаење.

Јавниот обвинител Јовески информираше дека веќе се преземени конкретни чекори за постапување согласно ЕУ препораките, како што е воспоставувањето целосна функционалност на четирите истражни центри во земјава.  Тој се осврна  на внатрешни механизми на јавното обвинителство во насока на етичко и професионално постапување на јавните обвинители, како и на донесениот Правилник за оценување на работата на јавните обвинители.

Во насока на континуирана модернизација на процесите и подобрување на севкупната функционалност на Јавното обвинителството и сите други институции, на средбата беше истакната и потребата од обезбедување софтверски решенија и соодветен технички кадар заради целосно и непречено функционирање на интероперабилноста.

Прочитајте повеќе

Бојан Маричиќ на средба со Никола Верола

Маричиќ: Ние мораме да останеме на европскиот курс во полза на сите граѓани на Северна Македонија

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Никола …