Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршува вонреден инспекциски надзор, а Комисијата за стручен надзор е задолжена да го направи надзорот за текот на лекувањето на починатото новороденче.
Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово од морални причини поднесе неотповиклива оставка до Министерството за здравство.
Тој оставката ја најави уште вчера, а денеска беше поднесена и официјално, а истата следува откако во битолската болница на Одделението за гинекологија почина новороденче.
Денеска, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршува вонреден инспекциски надзор, а Комисијата за стручен надзор е задолжена да го направи надзорот за текот на лекувањето на починатото новороденче.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера ја посети Клиничката болница Битола за да увиди што се случило и се сретна со родилката на која ѝ изрази сочувство.
Претходно, д-р Обедниковски, објави дека починатото новородено доживеало брадикардија за време на породувањето, што довело до неговата смрт.