Бектеши вели дека за рускиот гас плаќаме во евра, а во некои случаи и во долари

Бектеши вели дека за рускиот гас плаќаме во евра, а во некои случаи и во долари

Гасот што го добива Македонија од „Газпром“ не се плаќа со руски рубљи туку со евра или поретко со долари, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата на Бугарската национална телевизија БНТ.

Како што посочи Бектеши, ниту едно плаќање од страна на властите во Скопје не е направено со руски рубљи, туку со евра, а во некои од случаите трговците плаќале со долари.

„Република Северна Македонија во целост ги поддржува решенијата на Европската Унија и на Европската комисија, бидејќи единствената цел е започнување на преговори со ЕУ за пристапување и поради тоа одлуките поврзани со руската воена инвазија во Украина, Северна Македонија ги прифаќа и исполнува, потенцираше Бектеши.

Министерот исто така додаде дека земјава нема големи трговски размени со Русија и трговијата меѓу Скопје и Москва е 1.5 проценти, речиси колку што е и со Украина.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска пак пред две недели рече дека ако е потребно, можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас. Таа посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

Македонија засега непречено се снабдува со гас, откако Русија најави прекин на испораките на природен гас за Полска и за Бугарија, затоа што одбиваат да плаќаат во рубљи. Русија ја воведе оваа мерка за земји кои ги прогласи за непријателски, откако ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …