Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени во студентски дом, бараат студентите

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени во студентски дом, бараат студентите

Конфискуваното седиште на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да биде пренаменето во студентски дом, бараат студентите и директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, откако Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучи да ја конфискува Белата палата.

Од Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ велат дека оваа идеја ја дискутираат веќе извесно време и дека по донесувањето на судската одлука ќе бараат поддршка и реуредување на просторот по нивен вкус, по идеја на студентите.

„На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација!“, пишува во Фејсбук објавата на УСС УКИМ.

Од таму додаваат оти се радуваат што и други страни ја споделуваат нивната идеја и дека се надеваат на обединување на младите по ова прашање.

Пренаменување на Белата палата во студентски дом побара и Виктор Велевски, претседател на Државниот студентски дом – Скопје.

„Да инвестираа 63 милиони во сите ученички и студентски домови, сега ќе имавме модерни и европски капацитети за сместување и исхрана на авангардата на државата, ама како велат, пусто по мило им беше да си гледаат само за нив“, реагира Велевски.

Судот побара конфискување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во завршетокот на случајот „Талир 2“. Покрај луксузната зграда во центарот на Скопје, судот конфискуваше и 30-тина партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ низ целата земја.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …