бензинска станица бензини горива

Бензините и екстралесното масло поскапуваат за 2 денари, дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за поскапување на горивата и екстралесното масло за домаќинства.

Од полноќ, бензините и екстралесното масло поскапуваат за 2 денари, а дизелот за 1,5 денари.

Со тоа, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од почетокот на утрешниот ден ќе чини 73 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75 денари за литар.

Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 64,5 денари/литар, а иста е и новата цена на Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).

Мазутот ќе се продава за 40,053 денари за килограм.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот на Народна банка

Советот на Народна банка, на редовната седница, го усвои Годишниот извештај за 2023 година

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои …