бензинска станица бензини горива

Бензините од ноќеска поевтинуваат за два денари за литар, дизелот поевтин за два и пол денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе нова одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на одлуката од 21.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари за литар.

Согласно со ваквата одлука на РКЕВУ, литар бензин Еуросупер БС-95 од ноќеска на бензинските пумпи ќе се продава за 96,50 денари. Еуросупер БС-98 ќе чини 99 денари за литар, додека дизелот ќе може да се набави за 97,50 денари за литар. Екстра-лесното масло ќе чини 96 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,263 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметкан бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597 отсто, кај дизелот за 1,488 отсто, кај екстра лесното масло за 1,374 отсто и кај мазутот зголемување за 2,738 отсто.

Прочитајте повеќе

Дизелот поскапува за 2 денара, бензините остануваат со истата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за …