Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за денар и половина

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за денар и половина

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 60,5 денари за литар, а  „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 53 денари за литар.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 2,57 отсто.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот, како и за 0,323 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …