Средба на претседателот Пендаровски со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања

Средба на претседателот Пендаровски со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи ги претстави економските приоритети на државата за следниот период, а кои треба да обезбедат забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, во услови на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Соговорниците констатираа дека, како и насекаде во светот, така и кај нас, огромни се предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, а кои се последица на социо-економската криза од Ковид-19.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека политиките на Владата за новата развојна економија се добро димензионирани и проектирани да одговорат на реалните потреби на државата, стопанството и на граѓаните. Тој нагласи дека со инвестиции во економијата, како еден од врвните приоритети на Владата, ќе се обезбеди побрза консолидација на општеството, како и побрз и одржлив раст и развој.

На средбата, стана збор и за буџетот за 2021 година и планираните средства за идни мерки за справување со корона кризата, а во насока на поддршка на стопанството и граѓаните на Северна Македонија, како и за економските мерки на Владата за справување со кризата од Ковид-19.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …