Горива бензини дизел

Бензините поскапуваат за еден денар, дизелот поевтинува за толку

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати, со која од полноќ на сила ќе бидат нови цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар за литар, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за еден и пол денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,667 ден/кг.

Од РКЕВУ образлагаат дека причината за поскапувањето е тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка (6 март) бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684%, кај дизелот намалување за 2,149%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079% и кај мазутот има намалување за 0,996%.

Од почетокот на утрешниот ден, горивата ќе се продаваат по следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 83,5 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 85,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 77,5 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 76,5 денари/литар

Прочитајте повеќе

ИРЛ: Во Крива Река завршил осиромашен олово – цинков концентрат од Тораница

ИРЛ: Во Крива Река завршил осиромашен олово – цинков концентрат од Тораница

Осиромашен концентрат е многу побогат со тешки метали како олово или цинк отколку јаловината, предупредува …