Бензинска станица

Бензинот поевтинува за 2,5 а дизелот за 1,5 денари за литар

Со Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.

Цената на бензинот се намалува за 2,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари за еден литар.

Со тоа, цената на бензинот Еуросупер БС-95  ќе изнесува 81 денар, а Еуросупер БС-98 83 денари за литар.

Дизелот ќе чини 82 денари, а литар нафта за домаќинствата 78,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …