бензин дизел бензинска горива

Бензинот поевтинува за денар, дизелот за денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто, во однос на Одлуката од 22.3.2021 година. Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се намалуваат за 1 денар за литар, додека дизелот поевтинува за денар и половина.

Од полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, додека максималната цена на Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе му биде 68 денари за литар. Еуродизел БС ќе се продава за 55 денари за литар, додека максималната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 44,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …