Битиќи: Нова инвестиција на Теламон, нови 300 работни места со плати повисоки од просечната

Битиќи: Нова инвестиција на Теламон, нови 300 работни места со плати повисоки од просечната

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на свеченото отворање на нов производствен погон од 2.100 метри квадратни на американската компанија Теламон, со примарна дејност производство на електрични кабли за автомобилската индустрија, со што е проектирано отворање на 300 нови работни места.

Вицепремиерот Битиќи изрази благодарност до компанијата што одлучи за влегување во нов инвестициски циклус, затоа што тоа зборува за довербата која странските инвеститори ја имаат во нашиот економски потенцијал, во неговото поволно, стабилно и предвидливо деловно опкружување кое неуморно работиме да го одржуваме и унапредуваме.

„Воспоставиме економска структура за привлекување на нови странски инвестиции која функционира, која испорачува резултати. Минатата година бележиме историски рекордна вредност на странски директни инвестиции во износ од 753,8 милиони евра, што е за двапати поголемо во однос на 2016 година, а кои за граѓаните отворија нови 2.300 работни места. Преку нови инвестиции создаваме услови во кои ќе имаме задоволни граѓани кои ќе работат во компании овде во државата, а не надвор од неа. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000“, рече Битиќи.

На овој начин, додаде вицепремиерот Битиќи, земјата забрзано економски расте и се развива, заедно со брзорастечки глобално етаблирани компании, кои своите економски успеси не ги темелат на евтина работна сила, тука на знаење, иновативност и технолошки напредок.

„Владата на Република Северна Македонија постави системски основи на економскиот раст и развој, довербата на инвеститорите ја стекнуваме преку стабилни и транспарентни правила за поддршка на инвестициите, содржани во „Планот за економски раст“ кој беше усвоен во 2017 година.  Во 2018 година ова е препознаено и од страна на „Теламон“,  светски етаблирана компанија од автомобилската индустрија, која својот кредибилитет го има изградено преку деловна соработка со 29 автомобилски брендови, со постојан развој и воведување на иновативни и напредни технолошки решенија во производствените процеси“, посочи Битиќи.

Во своето обраќање, вицепремиерот Битиќи нагласи дека Владата успеа да воспостави систем на привлекување и поддршка на инвестициите кој ги препознава и задоволува дури и специфичните потребите на автомобилската индустрија за долгорочни  договори и бизнис проекции.

„Преку „Планот за економски раст“„Теламон“ доби цврсти основи за долгорочен раст и одржлив успех на глобалните пазари. Тоа е довербата која успеавме да ја изградиме кон оваа индустрија и затоа денес сме овде на свеченото отворање на нов производствен погон од 2.100 метри квадратни во кој, како дополнение на постоечките 200 вработени, проектирано е отворање на 300 нови работни места, со плати повисоки од просечната нето плата. Досегашната инвестиција од 5 милиони евра во бизнис плановите предвидено е да се зголеми на 8 милиони евра“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека влијанието на оваа нова инвестиција на „Теламон“ има потенцијал да предизвика брановиден ефект кој ќе поттикне понатамошни инвестиции, ќе ја подобри нашата севкупна конкурентност на глобалната сцена.

„Високo напредните технолошки инвестиции ни се потребни бидејќи ја зголемуваат конкурентноста, отпорностa и приспособливостa на економија на динамичните и променливи пазарни услови и глобални предизвици. Се зголемува степенот на диверзификација на економската активност, преку намалување на нејзината зависност од традиционалните трудо-интензивни сектори. Кога една инвестиција со себе носи експертиза, иновативност, дигитализирани процеси, истражување,  тогаш се создаваат можности и локалната работна сила да се стекне со нови вештини и знаења, правејќи ја долгорочно конкурентна во пошироки регионални и глобални рамки“, рече вицепремиерот Битиќи, и додаде дека преку реализацијата на ваквите инвестициски проекти сме поблиску до остварувањето на целата за зачувување на работната сила во земјава.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …