Битиќи: Владата обезбедува евтина струја од 100% домашно производство за 70.000 компании кои вработуваат скоро 98% од вработените во земјата

Битиќи: Владата обезбедува евтина струја од 100% домашно производство за 70.000 компании кои вработуваат скоро 98% од вработените во земјата

Изјава на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

„Им се обраќам на граѓаните и им кажувам. Во нашата земја има регистрирани нешто над 71.500 активни субјекти. 70.000 субјекти од нив се на регулираниот пазар за електрична енергија, тоа значи дека државата им ја гарантира цената и снабдувањето со електрична енергија која тие ја користат, односно се обезбедени со струја по гарантирана цена.

На слободен пазар се само останатите близу 1.600 субјекти или компании, а се на слободниот пазар бидејќи ги исполнуваат условите, односно имаат годишен промет од 2 милиони евра.

Овие компании се на слободен пазар и да се на удар, но останатите 70.000 не се. Секако, не сакам да занемарам, секоја една компанија секој еден граѓанин за Владата е битен.

Но од друга страна треба да ја гледаме економската структура. Се знае дека 97,8 отсто од вработените доаѓаат токму од микро и малите претпријатија, односно овие 70.000 кои се на регулираниот пазар. Околу 3,2 отсто се од големите компании и средните компании кои се на слободниот пазар.

Овие 3 отсто од компаниите креираат навистина голем придонес во економијата и ние тоа сосема го разбираме. Затоа велиме ќе се направат сите напори за да нив им се излезе во пресрет.“

Прочитајте повеќе

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

„Да се потсетиме дека неодамна кај нас, исто така, владееше режим чија цел беше да …