Битиќи во компанијата Алмеро во Гостивар: Со финансиска помош за компаниите во помалку развиените региони, го поттикнуваме рамномерниот регионален развој

Битиќи во компанијата Алмеро во Гостивар: Со финансиска помош за компаниите во помалку развиените региони, го поттикнуваме рамномерниот регионален развој

Преку финансиската помош за компаниите во помалку развиените планиски региони, го поттикнуваме рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата за производство на душеци Алмеро во Гостивар.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Алмеро е една од компаниите во портфолиото на инвестиции кои Владата ги поддржува преку законот за финансиска поддршка, и додаде дека се радува кога гледа на дело како таа поддршка дава конкретни резултати.

„Алмеро континуирано воведува ново ниво на квалитет и модерен дизајн на производи за спиење, душеци, кревети, над-душеци и перници, наменети генерално за извоз. Компанијата е извозно е ориентирана кон различни европски земји и Западен Балкан, а нејзините производи најчесто завршуваат во Словенија, Белгија, Хрватска, Швајцарија, Албанија, Косово и Србија“, изјави Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата упати честитки за работата на компанијата која покажува агилност и во време на кризи и инвестираа во подобрување на квалитетот но и на конкуретноста.

„И токму поради ова Владата ја поддржува  преку договорот за Финансиска помош на инвестиции во делот на мерките за поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, но и за поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.

Алмеро е една од многуте компании кои ги поддржуваме а работи во помалку развиените планиски региони, каде минатата година повеќе од 70 проценти од поддржаните компании се надвор од најразвиениот Скопски регион, што е и наша цел, за поттикнување на рамномерниот регионален развој“, изјави Битиќи и додаде дека партнерската поддршка на Владата за ова компанија ќе продолжи и во иднина.

Сопственикот на компанијата Хакан Ризванче се заблагодари за посетата на вицепремиерот Битиќи, но и за финансиската поддршка која ја добиваат од Владата, преку која можат да ги надградат производствените капацитети.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …