БИТОЛА: ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ТРИ УЛИЦИ

БИТОЛА: ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ТРИ УЛИЦИ

Општина Битола продолжува со уредување на калливите улици во градот, кои биле запоставувани со децении. Во дел од нив, паралелно, покрај поплочувањето, се поставуваа нови водоводни приклучоци, или пак се работеше на мешовитата канализација.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска изврши увид во работите на крак од улицата „Ленинова“, каде во моментов се работи на поплочување со бекатон плочи на површина од 230 метри квадратни, за кои општината издвои околу 230.000 денари. Претходно на оваа улица, екипите на КЈП „Нискоградба“ работеа на изведба на мешовита канализација, во вредност од 381.000 денари.

Паралелно, на улицата „Тошо Даскало“, по поставувањето на мешовита канализација од страна на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 174.000 денари, улицата е поплочена со бекатон плочки на околу 120 квадратни метри, чија вредност изнесува 120.000 денари.

На ул. „Блаже Рогозинаро“, поплочени се 150 метри квадратни, во вредност од 150.000 денари, а претходно беа поставени 6 нови водоводни приклучоци од страна на екипи на ЈКП „Водовод“, во вредност од 60.000 денари.

Само за овие три улици, во кои населението повеќе нема да поминува кал за да стигне до своите домови, Општина Битола вложи 500.000 денари.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …