Спасовски: Владата е должна во овие услови да ја заштити економијата, директно да им помогне на граѓаните, бесмислени се обвинувањата за изборен поткуп

Спасовски: Владата е должна во овие услови да ја заштити економијата, директно да им помогне на граѓаните, бесмислени се обвинувањата за изборен поткуп

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, ги оцени како бесмислени тврдењата дека економските мерки на Владата за справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата се во насока на купување на гласови за изборите.

„Ние имаме сериозна здравствена криза којашто сериозно удри врз економијата на државата. Тој сериозен удар врз економијата побара одговор од Владата бидејќи таа е одговорна се помогне, да се заштити здравјето и животот на луѓето, да се заштити здравствениот систем на државата, меѓутоа и да се помогне и да се заштити економијата. Да се соочуваат работните места, директно да им се помогне на граѓаните, да се одржат компаниите и да се создадат услови веднаш по крајот на епидемијата да се создаде основата за една нова развојна економија на земјата. Затоа ги донесовме трите сета на мерки“, истакна премиерот Спасовски и додаде дека опозицијата е контрадикторна затоа што до пред една недела застапуваа теза дека се доцни со  економските мерки, а сега кога се донесени велат дека биле изборен поткуп.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …