Битола: Од вчерашните 8 пожари, 6 се подметнати?

Битола: Од вчерашните 8 пожари, 6 се подметнати?

Во врска со вчерашните пожари кои избија на територијата на општина Битола, кризниот штаб информираше за превземените чекори во акцијата за нивно гаснење. Командирот на ТППЕ Битола Костадин Поповски истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Битола биле пријавени 8 пожари, случај кој не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само 2 се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, додека останатите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола, со цел да се превземат соодветни чекори за поголема контрола на терен, согласно законските прописи.

Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел рид и во градот кај Хотел Битола. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со нивни вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон Националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …