БИТОЛА: РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НА УЛ. „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“

БИТОЛА: РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НА УЛ. „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“

Започнаа градежните активности околу рехабилитацијата на ул. „Смилевски конгрес“ и ул. „Младински бригади“, во должина од  825 метри.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска ја посети локацијата, каде што од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница.

„Улицата ‘Смилевски конгрес’ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население.  Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари“, посочи Петровска.

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …