БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОД МОНАШКОТО БРАТСТВО ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО МАРИОВО

БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОД МОНАШКОТО БРАТСТВО ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО МАРИОВО

Писмо на монашкото братство во манастирот „Свети Никола“ во Мариово, до градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски

Почитуван градоначалник на општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски,

Во духот на нашата православна култура е животот да го минуваме во постојано благодарење, најпрвин на Бога поради сè што прави за нас луѓето, а потоа и на ближните поради нивните добри дела.

За жителите и посетителите на Мариово, асфалтираниот пат Лагово-Витолиште низ годините стана симбол на негрижа, неразбирање и незаинтересираност за огромниот природен, културен и рурален потенцијал на овој регион. Патот во потег од речиси десетина километри беше толку оштетен и опасен, што движењето по него беше можно само за големите ентузијасти, со соодветно опремени возила. Сликата на возила со дефект и возила со скинати гуми стана секојдневие на овој дел од патот.

Затоа, искрено почитувајќи ја Вашата лична заложба околу реконструкција на оштетениот регионален пат Лагово – Витолиште, Ви ја упатуваме оваа Јавна благодарност, во името на нашето монашко братство, како и во името на се’ побројните посетители на нашиот манастир. Со решавањето на овој проблем, Вие покажавте дека Мариово не го гледате како „слепо црево“ на територијата на општина Прилеп, туку како нејзин органски, значаен и перспективен дел. Токму санирањето на патот беше неопходниот услов за олеснување на комуникацијата со Мариово, како и за раѓање на нови иницијативи за развој на областа.

Упатувајќи честитки за претстојните празници, Ви посакувам најнапред добро здравје и понатамошен успех во работата.

 

Игумен на манастирот „Свети Никола“- Мариово

Архимандрит Никола

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …