Блинкен ја откажа закажаната средба со Лавров

Блинкен ја откажа закажаната средба со Лавров

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен објави дека нема да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров како што беше планирано, по признавањето од страна на Русија на две сепаратистички области во источна Украина. „Сега кога гледаме дека инвазијата започна и дека Русија јасно ја отфрли сета дипломатија, нема смисла да се состанеме во оваа фаза“, рече Блинкен на заедничката конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулебa.

Руските пратеници дадоа „зелено светло“ за употреба на воена сила надвор од Русија

Откако ја призна независноста на две сепаратистички области во источна Украина, рускиот претседател Владимир Путин вчера доби согласност од парламентот да испрати воени сили во странство.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …