Блинкен разговарал со Петков за важноста од брз пристап во ЕУ на сите аспирантки

Блинкен разговарал со Петков за важноста од брз пристап во ЕУ на сите аспирантки

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на денешната виртуелна средба со бугарскиот премиер Кирил Петков ја истакнал „важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс соопшти дека двајцата лидери ја потврдиле заедничката визија за трансатлантските односи.

Прајс во соопштението вели и дека „секретарот Блинкен ја нагласи важноста на обединетиот одговор на НАТО и на САД-ЕУ кон неоправданата и неиспровоцирана инвазија на Русија на Украина и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат модернизација на одбраната и приоритетите на енергетската безбедност на Бугарија“.

Петков напиша на Твитер дека со Блинкен разговарале за зголемување на соработката и диверзификацијата на енергетските извори.

„Бугарија и САД се сојузници и стратешки партнери и енергетската соработка ќе допринесе за зголемување на енергетската безбедност и диверзификација во регионот“, напиша Петков.

И демократскиот сенатор Крис Марфи денес објави дека се сретнал со бугарскиот премиер со кого разговарале за енергетска поддршка, со цел да се стави крај на зависноста на Бугарија од руските гас и нафта.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Трамп бара од Украина суровини во замена за помош во војната

Трамп бара од Украина суровини во замена за помош во војната

Американскиот претседател Трамп ја условува помошта на САД за Украина и бара суровини во замена …