Гледаме силна градежна офанзива овде пред Охрид. Очекуваме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел од Подмоље до Охрид и потоа да започнеме со последната фаза за поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим. Со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, присутни сме на терен за да извршиме дополнителен притисок за изградба на овој автопат, истакна министерот Бочварски при увидот во изградба на автопатот Кичево – Охрид.
Реакциите во однос на времениот режим на оваа делница се неприфатливи во време кога привршуваат градежните работи, додаде министерот, притоа побара поддршка од општината и граѓанските здруженија да не ја кочат реализацијата на овој автопат.
„На увид сме на дел од трасата од Подмоље до Охрид се’ со цел да овој автопат час поскоро биде пуштен во функција. Тоа ќе значи зголемување на туризмот, подобрување на состојбите во Охрид, поврзувањето и сметам дека ова е правиот начин како треба да работиме со зголемена механизација, со решени проблеми, со решена експропријација, со решени проектантски прашања. Денес сите овие состојби се решени и она што е важно е дека до 10-ти ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по овој дел од автопатската делница и сметам дека за главниот дел од туристичката сезона ќе биде приспособена оваа траса и убеден сум дека тоа е од значење за граѓаните, за градот, за туризмот и сите треба да дадеме поддршка за еден ваков прогрес и работа на терен“ – изјави министерот Бочварски.