Бочварски: Нова линија Киев-Скопје, овој месец започнува уште една авиолинија кон Абу Даби

Бочварски: Нова линија Киев-Скопје, овој месец започнува уште една авиолинија кон Абу Даби

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со генералниот директор на ТАВ Мкедонија, Метин Батак и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук, присуствуваа на воспоставување на првата авиолинија Киев – Скопје.
Бочварски: Нова линија Киев-Скопје, овој месец започнува уште една авиолинија кон Абу ДабиМинистерот Бочварски истака дека оваа линија е доказ на добрата соработка меѓу Република Северна Македонија и Украина и потенцираше дека со оваа линија се отвораат нови можности за нашите граѓани во областа на економијата, туризмот, културата и други полиња на интерес меѓу двете земји.
Во продолжение обраќањето на министерот Бочварски:
‘Денеска на наше заедничко задоволство, започнуваме нова фаза во развој на авиосообраќајот во Република Северна Македонија.
Иако овој сектор е силно погоден од Корона кризата, сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез, да воспоставиме нови или да ги одржиме веќе воспоставените авиолинии. Воспоставувањето на оваа линија од токму доказ за тоа. Авиолинијата Киев – Скопје е само потврда на нашата добра соработка со Украина. Би сакал да се заблагодарам на амбасадорката за тоа што Република Северна Македонија е избрана за дестинација за соработка.
Исто така честитки и за авиокомпанијата Виндроуз, што во ова време на Ковид криза се одлучи токму Скопје и Република Северна Македонија да ги стави на својата мапа на дестинации.
Бочварски: Нова линија Киев-Скопје, овој месец започнува уште една авиолинија кон Абу ДабиВоспоставувањето на оваа линија веруваме дека е од огромно значање и за двете земји, бидејќи се отвораат бројни можности за унапредување на соработката во делот на економијата, туризмот, културата, инвестициите како и други области што ни се од заеднички интерес.
Тоа се совпаѓа со определбите на оваа реформска Влада за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на развој на нашата земја.
Дополнително, се отвораат бројни можности и за домашните компании за проширувње на сопствените бизниси и пласирање на производите на нови пазари.
Изминатите години домашните аеродорми бележеа рекорден број на превезени патници. Тоа е само потврда дека капацитетите на аеродормите не се искористени во целсот.
Токму нашите заложби како Влада е да создаваме услови за влез на авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани.
Веќе можам да најавам дека од 16 овој месец ќе се воспостави и авиолинијата кон Абу Даби преку авиокомпанија Визер.
Она што сакам да потенцирам е фактот дека Владата кон сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар гледа како сериозен партнер во насока на развој на авиосообраќајот во земјата.
И во таа насока ќе продолжиме да работиме.
За следната година од буџетот на Министерството предвидени се 69 милиони и 500 илјади денари за финансиска поддршка за нови авиолини.
Очекуваме дека земјите полека ќе ги ослободуваат мерките од Ковид, а ние постепено ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво од претходните години”, истакна министерот Бочварски.

 

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …