Редовна 26 седница на Владата

Редовна 26 седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија, денеска ја одржува редовната 26-та седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од својата програма за работа.

На денешната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање се неколку измени на закони меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина.

На седницата, меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал, поднесени од Министерството за здравство.

Прочитајте повеќе

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се …