Бочварски: Потпишан договорт за изградба на брана “Отиња” во Штип

Бочварски: Потпишан договорт за изградба на брана “Отиња” во Штип

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Инвестиционата вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

“ Посебно сум горд на овој проект, бидејки со децении и децении беше најавуван,  но денеска официјално ја означуваме неговата реализација.

Би сакал да потенцирам дека, претходно и како градоначалник на општина Штип, со тимот од општината, со државните институции, професори, инженери и проектанти, вложивме огромен труд и работа за овој проект да биде реална инвестиција.  Денеска, Министерството за транспорт и врски ги потпиша договорите за изведба и надзор. Средствата се обезбедени од  Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021, 2022 и 2023 година.

Особено сум горд на овој проект кој беше ветен на Штип и Штипјани со кој се создаваат нови можности за развој на регионот”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …