Бочварски: Силна поддршка од Министерството до општините преку реконструкција на локални улици и патишта

Бочварски: Силна поддршка од Министерството до општините преку реконструкција на локални улици и патишта

Денеска во Министерството за транспорт и врски се потпишаа договорите за реконструкција на дванаесет локални улици во шест општини.

Договорите за реконструкција ги потпиша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со градоначалниците на општините Свети Николе, Лозово, Карбинци, Чешиново – Облешево, Демир Хисар и Ресен.

Ова е дел од проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

„Драго ми е што Министерството за транспорт и врски уште еднаш излегува во пресрет на граѓаните и создава услови за подигнување на животниот стандард преку реконструкција на улиците и урбан развој на општините. Гледаме партнер во сите општини, се со цел да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Ова е проект кој го реализираме преку Министерството и драго ми е што општините аплицираат со проекти за да можеме средствата да ги алоцираме во вистинска насока, за граѓаните. Директно ги помагаме општините, ги подигнуваме капацитетите и сакам да истакнам дека поддршката продолжува и во следниот период. Преку овој проект исто така ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и го стимулираме локалниот економски развој. Нашата цел е стабилни општини и задоволни граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.

Во рамките на овој Проект, Министерството за транспорт и врски до сега реконструираше преку 140 улици во над 60 општини.

Прочитајте повеќе

Четири сценарија за Гренланд

Четири сценарија за Гренланд

По неуспешната средба во Вашингтон, Копенхаген порача дека постојат суштински разлики со САД околу статусот на Гренланд. И покрај …