Бочварски: Завршуваме со проектирање за изградба на нов експресен пат од Струмица до автопат на Коридор 10 кај Смоквица

Бочварски: Завршуваме со проектирање за изградба на нов експресен пат од Струмица до автопат на Коридор 10 кај Смоквица

Проектирањето за изградба на нов експресен пат од Струмица до Коридор 10 кај Смоквица е во завршна фаза. Во следниот период ќе обезбедиме финансиски средства и ќе започнеме со изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Валандово.

Министерот Бочварски и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов го посетија населеното место Чалакли каде со средства од министерството за транспорт и врски ќе се гради нов пат.

Министерот Бочварски потенцираше дека се работи на неколку проекти во патната и комуналната инфраструктура во Валандово и регионот со што значително се подобруваат условите за живеење на жителите.

“ Покажуваме на дело дека и овој регион за државата е важен. Во првиот квартал од оваа година завршуваме со проектирање на нов експресен пат од Струмица и поврзување со автопат на Коридор 10, со што ќе ја имаме финансиската конструкција и влегуваме во нова етапа на обезбедување на финансиски средства за да може побрзо да отпочнеме со изградба на овој приоритетен проект за регионот. Понатаму преку буџетот на Министерството за транспорт и врски одвоивме 4 милиони денари за изградба на нов пат во населеното место Чалакли” , изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека преку Министерството за транспорт и врски преку проектот за локални патишта се работи за реконструкција на три улици во општина Валандово заради подобрување на локалниот развој на општината.

За градоначалникот на општина Валанадово, инвестициите во патната инфраструктура значат подобрување на условите за живеење и урбаниот развој на оштината.

“Се наоѓаме во село Чалакли каде со средства од централната власт ќе се гради улицата каде сега се наоѓаме. Тендерот за изведувач е во завршна фаза и набрзо отпочнуваме со изградба. Ова е многу значаен капитален проект за ова место бидејќи тука се оджува и меѓународен фолклорен фестивал кој е под заштита на УНЕСКО. Мораме да работиме сите заедно за да обезбедиме модерна и безбедна инфраструктра за сите”, изјави Перо Костадинов градоначалник на општина Валанадово.

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …