Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква

Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква

Несовесни граѓани со автомобили ноќеска додека паѓаше снег, целосно ја „преорале“ најпопуларната ски-патека во зимскиот центар Пониква кај Кочани. Направена е голема штета, особено што патеката беше подготвена за првиот снег годинава и првите скијачи. И покрај тоа што ски-патеката е оградена, возачите успеале да ја поместат оградата, да се искачат и да остават длабоки траги по делот што се користи за скијање.

Концесионерот, компанијата „Еуроком“ интервенираше со рачно порамнување на патеката и носење на снег од други локации, со цел да ја оспособи за скијање. Претпладнето патеката е целосно ставена во функција.

„Несовесни граѓани со автомобили ноќеска возеле на уредената ски-патека, со што направена е голема штета. Механизацијата не можеше целосно да ја санира патеката, поради што моравме рачно да прекопуваме. Претпладнето веќе може да се скија и санка, а во функција е и ски лифтот,“ изјави Благој Манев, одкомпанијата „Еуроком“ концесионер на Пониква.

Патеката повотрно е оградена и обезбедена за снежните спортови. Ноќеска наврна дваесетина сантиметри снег, што ќе биде доволно за да се користи ски патеката еден, наменета за почетници, додека втората патека за побрзо скијање ќе чека нови врнежи.

Ски-лифтовите се во функција, оспособени неодамна со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, во износ од 4,8 милиони денари. Пониква е единствениот зимски центар, каде доаѓаат на скијање, санкање и рекреација граѓани од целиот источен и североисточен дел на државата. 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …