Со „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што остануваме лидери во регионот

Со „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што остануваме лидери во регионот

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со владината стратешка рамка „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што државата останува лидер во регионот

Во 2021 година очекуваме реализација на проект со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана.

На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати.

Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра.

АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и во првата половина на 2021 ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава.

Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати зелена енергија.

Дополнително обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 мегавати во РЕК Битола.

Почитувани,

Во изминатата година успешно беа спроведени првите транспарентни постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 мегавати, од кои веќе неколку се пуштени во употреба.

Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е над 35 милиони евра.

Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со којшто ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк.

Проценетата инвестиција е 21 милион евра.

Започнува реализацијата и на нови ветерни паркови и во Св. Николе, Демир Капија и во Дебарца.

Почитувани граѓани,

После 11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите за Чебрен, на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.

Продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех.

Во рамките на новата македонска енергетика, клучно место зазема и гасификацијата.

Во 2021 официјално започнува изградбата на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас.

Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас.

Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава.

2021 ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 македонски градови со што цевките за гас ќе стигнат до домаќинствата.

Аргументите кои докажуваат дека Северна Македонија е лидер во регионот во енергетиката, се силни.

Реализацијата на “Акција 21” е мотив да работиме европските вредности и стандарди да ги имплементираме во секојдневниот живот на граѓаните.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …