Борко Ристовски сведок во „27 април“: Давав морална поддршка

Борко Ристовски, репрезентативниот голман и чувар на мрежата на неколкукратниот ракометен шампион „Вардар“ денеска пред Судот во Скопје сведочеше за случајот „Организатори на 27 април“, односно за организирањето на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Тој истакна дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

„Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски“, рече Борко Ристовски пред Судот.

Ристовски пред Судот денеска рече дека лично не се познавал со екс-министрите Јанакиески и Ристоски, кои се меѓу обвинетите.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …