Британската премиерка и пратениците се заколнаа на верност кон кралот Чарлс Трети

Британската премиерка и пратениците се заколнаа на верност кон кралот Чарлс Трети

Британската премиерка Лиз Трас и високи владини претставници положија заклетва за верност кон кралот Чарлс Трети во Долниот дом на британскиот парламент.

Прва заклетва даде претседателката на Долниот дом, Линдзи Хојл, која изјави дека се заколнува на лојалност на кралот и неговите наследници, по него пратениците кои најдолго беа во парламентот, а потоа и премиерот.

Сите пратеници полагаат заклетва за верност на монархот кога ќе бидат избрани. Не е законска обврска повторно да се положи заклетва кога ќе се смени монархот, но сите 650 пратеници во Собранието ќе имаат можност повторно да положат заклетва во наредните денови, доколку сакаат.

Кралот Чарлс Трети вчера беше официјално прогласен за суверен по смртта на неговата мајка Елизабета Втора.

Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, но церемонијата на прогласување е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето на новиот монарх во земјата.

Редовната работа на Парламентот е прекината во деновите на жалост за кралицата.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …