СДСМ Прилеп: Ценовен шок за граѓаните, прилепските јавни претпријатија ги поскапуваат услугите

СДСМ Прилеп: Ценовен шок за граѓаните, прилепските јавни претпријатија ги поскапуваат услугите

Прес-конференција на Александар Ѓорѓиоски, член на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ

Недомаќинското работење и секојдневното инволвирање во скандали на директорите на локалните јавни претпријатија, сериозно го загрозуваат нормалното функционирање на граѓаните на општина Прилеп.

Секојдневните алиби изјави кои ги даваат за медиумите, претставуваат очајни обиди за амнестирање од нивната неспособност да ги менаџираат процесите во претпријатијата со кои раководат.

Меѓутоа, на 11-месечното игнорирање и ставање на проблемите под тепих, му дојде крајот. Со својата неспособност да ја извршуваат функцијата која ја заслужиле само заради партиската припадност, јавните претпријатија ги доведоа на прагот на рентабилност. Спасот од безизлезот ќе го бараат во зголемување на цените на услугите.

Првиот ценовен шок ќе дојде од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање. Откако пред извесно време поскапе паркингот, директорот Зоран Јовески и неговите соработници деновиве ќе го поскапат и јавниот градски превоз.

Случувањата, пак, во ЈКП „Комуналец“ одамна се излезени од контрола. Скандалот со управителот на „Терминал-Комуналец“ Мартин Ачкоски, кој самоволно заминал да работи како келнер во Хрватска оставајќи ги вработените 3 месеци без плата а фирмата со блокирана сметка, не е и единствената лоша вест од комуналното претпријатие.

Иако директорот Рубин Абрашоски 3 дена избегнува да одговори на нашето прашање дали спрема зголемување на цените на услугите за 70 до 100 отсто, сосема е извесно дека многу скоро тоа ќе се случи.

Неговиот колега од „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски, го доведе јавното претпријатие во ќорсокак.

Не само што нема да има намалување на сметките за вода, како што во својата изборна програма најави градоначалникот Борче Јовчески, туку прашање на денот е кога ќе следи нивно покачување?

Бесмислените изговори на Гулабоски, дека претпријатието нема пари да ја плати струјата, не држат место. Оти, ако има пари за вработување на вечната советничка, координаторка на советничката група на ДПМНЕ и заменичка на градоначалникот, Ирена Стерјовска-Локвенец и за којзнае кое по ред вработување на братот на пратеничката Ане Лашкоска, тогаш мора да има пари и за тековните трошоци.

Исполнувањето на желбите на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ за вработување на измислени работни места и унапредувањето на веќе вработените на раководни позиции со плата од близу 1.000 евра, ќе падне на грбот на граѓаните. Или конкретно: за прв пат од своето постоење „Водовод и канализација“ ќе бара субвенции од општинскиот буџет, односно со пари на даночните обврзници ќе го покрива луксузирањето на партиските функционери на ДПМНЕ.

Почитувани граѓани,

Очигледно е дека ѓаволот ја однел шегата и дека по заслуга на директорите, јавните претпријатија забрзано одат во пропаст.

За да не дојде до тоа, апелираме до градоначалникот Јовчески да ги разреши неспособните партиски кадри и на нивно место да постави професионалци кои ќе работат во интерес на граѓаните на општина Прилеп, а не во интерес на сопствениот џеб и кадровските политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте повеќе

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

По првиот круг јасно е дека Македонија е земја на национализмот, негуван како дива орхидеја. …