Британскиот премиер Борис Џонсон веќе најави оставка, но притисокот врз владата во Лондон не попушта. Со вчера добиената довера можеби се избегнати нови избори.
Британската влада, како што се очекуваше, го преживеа гласањето за доверба кое самата го бараше. Со мнозинство од 111 гласови пратениците во долниот дом на парламентот ѝ изгласаа доверба на владата. Премиерот на заминување Борис Џонсон, под притисок на многу партиски колеги и министри, најави своја оставка уште пред две недели.
Пораз на гласањето за доверба на владата ќе значеше неопходност од нови избори. Тоа, дури и противниците на Борис Џонсонво партијата сакаа да го избегнат по секоја цена поради лошиот рејтинг во моментов.
Во меѓувреме, трката за наследник на Џонсон влегува во нова рунда. Во трка се останати уште три кандидатки и еден кандидат.
Партиската база ќе одлучува кога ќе останат само двајца кандидати. Покрај фаворитот Риши Сунак, во трка се уште министерката за надворешни работи Лиз Трас, државната секретарка за трговија Пени Мордонт и пратеничката Кеми Баденох. Кој ќе го наследи Џонсон на шефовската позиција во партијата и на премиерската функција треба да се знае на 5 септември.
Извор: DW