Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

Новиот корона вирус Covid-19 е веќе присутен во над 60 земји, со над 88.000 заразени луѓе низ целиот свет, освен на Антарктикот. Според најновите податоци, досега починале повеќе од 3.000 луѓе.

Бројот на заразени со корона вирусот се зголемува во Италија, а Франција го затвори светски познатиот музеј Лувр.

Австралија и Тајланд во неделата ги објавија првите смртни случаи, додека Доминиканската Република и Чешката Република ги регистрираа првите заразени.

Италијанските власти соопштија дека бројот на заразените се зголемил за 50 отсто, на 1.694 за само 24 часа, а уште петмина починале, со што бројот на починатите стана 34. Во Франција бројот на заболеми е 130, односно 30 повеќе во само едно деноноќие.

Кина, каде што почна епидемијата во декември, денеска пријави 202 нови случаи, што е најниско зголемување од 21 јануари. Најголем број од новите заразени се во градот Вухан.

Во соседна Бугарија, до денеска не е регистриран ниту еден случај на заразен со Covid-19.

Во Македонија засега се почитува препораката за откажување на поголеми јавни собири, па беа откажани и Струмичкиот карневал и одбележувањето на Прочка во Прилеп.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …