Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

Воената агресија што ја започна Русија врз Украина на 24 февруари годинава доведе до најмалку 100.000 загинати или повредени руски војници, а украинските вооружени сили претрпеле исто така загуби од околу 100.000 загинати или повредени војници. Ова вчера го изјави началникот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Марк Мили. Тој додаде дека околу 40.000 цивили досега загинале во војната во Украина, пренесува Би-би-си.

Овие трагични бројки се досега најголеми што се објавени од западен извор од почетокот на војната, но и доаѓаат од највисок генерал по ранг во американската војска. Генералот Мили додаде дека знаците кои Кијив ги испраќа изминативе денови дека е подготвен повторно да влезе во преговори со Москва дава „шанса“ за преговорите.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека непријателот не дава подароци, додавајќи дека неговата земја многу внимателно ја прима информацијата од руските власти за повлекување на трупите од десниот брег на реката Днипро. Вчерашното најавено повлекување на Русија од градот Херсон и од другите населени места западно од реката Днипро доаѓа само неколку недели откако претседателот Владимир Путин рече дека го анектира Херсон и три други украински региони.

Американскиот претседател Џо Бајден пак изјави дека е јасно оти руската војска е во „вистинска неволја“ откако на војниците им било наредено да се повлечат од украинскиот град Херсон и околните области. Тој додаде дека е интересно што руските власти чекале да поминат изборите во САД за да ја донесат ваквата одлука, за која што САД знаеле некое време.

Инаку, британското Министерство за одбрана во својот најнов извештај соопшти дека загубата на западниот брег на регионот Херсон веројатно ќе ја спречи Русија да го постигне својот стратешки план за создавање копнен мост до Одеса на југозападот од Украина, пренесува Укринформ.

Западните медиуми забележуваат и дека одлуката за повлекување на руските сили од западниот брег на реката Днипро не ја соопшти лично рускиот претседател Владимир Путин, туку остави истото да го направат највисоките раководители на војската – рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и генералот Сергеј Суровикин како командант на руските сили во Украина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави повеќе од 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за …