Буџетот за 2020 година на денешната седница на Владата

Буџетот за 2020 година на денешната седница на Владата

На дневниот ред на денешната редовна 163 седница на Владата, ставен е на усвојување Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог – законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа и информацијата со Предлог – одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел, за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО.

На предлог на Министерството за здравство, денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на Јавните здравствени установи во нашата држава.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …