Бугарката Кристалина Георгиева назначена за директор на ММФ

Бугарката Кристалина Георгиева назначена за директор на ММФ

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја назначи Кристалина Георгиева за директор на таа институција, откако на сослушувањето таа ги убеди членовите дека е соодветна за позицијата.

Кристалина Георгиева ќе стапи на функцијата на 1 октомври, а како 12. директор на финансиската институција, која е формирана во 1944 година, таа истовремено е и втората жена на чело на оваа институција. Имено, 65-годишната Георгиева, почнувајќи го петгодишниот мандат на почетокот на следниот месец, ја наследува Кристин Лагард, која во 2011 година стана првата жена извршен директор на ММФ.

– Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историски високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го минимизираат ризикот од кризи и да бидат подготвени да се справат со кризите. Притоа, не смееме да заборавиме на нашата долгорочна цел – поддршка на стабилни монетарни, фискални и структурни политики за градење посилни економии и подобрување на животот на луѓето. Тоа исто така значи и решавање на прашања како што се нееднаквост, климатски ризици и брза технолошка промена – изјави Георгиева.

Георгиева досега беше извршна директорка на Светска банка. Кристин Лагард, пак, ќе биде претседател на Европската инвестициска банка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …