Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Meѓународниот ден на медицинските сестри

Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Meѓународниот ден на медицинските сестри

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, 12 Мај:

Од првиот контакт со пациентите и нивните семејства, низ периодот на лекување, па се до рехабилитацијата, медицинските сестри со нивната хуманост и грижа имаат непроценлива важност во подобрувањето на здравјето на секој заболен.

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, оддаваме заслужена почит за вашата посветена и неуморната работа, за вашиот личен влог во зачувувањето на здравјето на граѓаните, признание кое го заслужувате во секој ден од годината.

Во овие вонредни и исклучително тешки услови во битка со невидливиот непријател – Вирусот КОВИД-19, не штедејќи се себеси во пружањето на стручна и одговорна помош на пациентите во болниците и амбулантите, покажавте вистински карактер и виталност во справувањето со коронавирусот.

Ви благодариме од срце. Нека е честит 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.