Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Меѓународниот ден на жената-8 Март

Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Меѓународниот ден на жената-8 Март

Прогресивно и развиено општество, подразбира социјална, политичка и економска рамноправност помеѓу мажите и жените. Еднаквост во пракса, во секојдневие, во сите нивоа и позиции на раководење и одлучување, а не само на хартија и во статистика.

Оттука, борбата за родова рамноправност која ја симболизира Меѓународниот ден на жената – 8 Март, мора да биде заедничка борба. Подеднакво важна борба за мажот, како и за жената. Борба за надминување на предрасудите за улогата на жената во општествените сфери, домот и семејството.

Впрочем, токму вирусот Ковид-19 покажа дека не постојат разлики и дека сите сме подеднакво важни во битката со пандемијата. Илјадници жени и мажи, лекари, медицински сестри, болничари, подеднакво се вклучени на првата борбена линија со најголемото зло на денешницата.

Затоа, да продолжиме да ги уриваме стереотипите, да продолжиме да градиме општество на еднакви шанси и можности и со правилни родови политики да обезбедиме подобро утре за сите.

Нека е честит 8 Март-Меѓународниот ден на жената.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …