Почитувани граѓани на градот херој,
Востанието против фашистичкиот окупатор, кое во предвечерието на 11 октомври 1941 година започна токму од нашиот град, е симбол за слободарскиот и револуционерен дух на граѓаните на Прилеп, но и темелник на вековниот сон на Македонците за своја слободна и независна држава.
Пред 78 години, со екот на првите слободарски пушки на многуте знајни и незнајни борци, беше испишан овој светол датум од македонската и историјата на слободарски Прилеп.
Предводени од аманетот и херојското дело на нашите предци, силно верувајќи во идејата за слободна, праведна, развиена и просперитетна држава – членка на евро – атлантското семејство, цврсто го трасираме патот кон остварувањето на подобра сегашност и иднина за наредните поколенија.
Да живее вечно споменот и делото на нашите храбри борци.
Нека е честит Денот на народното востание, 11.Октомври.