Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани Албанци,

Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука. На овој празник се потсетуваме на еден од најважните моменти од развојот на албанскиот јазик и култура. Свесни дека, според зборовите на Ѓерѓ Фишта, се собрани за да ја изберат азбуката, којашто ќе биде најполезна за образовно и културно издигнување на народот, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле историски одлуки за унифицирање на албанската азбука. Со тоа, тие го отворија патот за натамошен образовен и културен развој на албанскиот народ и го отклучија творечкиот потенцијал на генерации автори кои ќе создаваат вредни книжевни дела.

Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Северна Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. Соживотот е плод на довербата која, пак, фаќа корен тогаш кога луѓето го почитуваат и поддржуваат идентитетот на другиот. Ваквата доверба е неопходна за поуспешно да се справуваме со нашите заеднички предизвици и да градиме праведно општество со еднакви можности за сите македонски граѓани.

Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

Прочитајте повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска …