Димовски на владина седница треба да реферира за пасошот на Онишченко

Димовски на владина седница треба да реферира за пасошот на Онишченко

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски на денешна затворена владина седница се очекува да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександер Онишченко.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно рече дека дека мора да се утврди одговорност за случајот со давањето на македонско државјанство на Онишченко.

„Побарав детален извештај врз основа на спроведена истрага или анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Влада“, рече Ковачевски.

Државјанството на Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД, било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции врз основа на кои тоа е доделено.

Премиерот информираше дека наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, а сегашниот директор е во процес за испраќање како амбасадор во Франција.

Директорот на АНБ Димовски во петокот по сослушувањето во Собрание, изјави дека е лоцирано лице кое не го испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење за државјанство за Онишченко.

Според некои медиумски извештаи во АНБ суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко.

Во Собранието исто така во тек е истрага за пренесувањето во живо на Јутјуб на затворената комисиска седница на која Димовски зборуваше исто така за случајот „Онишченко“.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …