Курти го одложи изрекувањето на казните за 48 часа на предлог на амбасадата на САД

Курти го одложи изрекувањето на казните за 48 часа на предлог на амбасадата на САД

Косовскиот премиер Албин Курти за 48 часа го одложи спроведувањето на втората фаза од одлуката за српските регистарски таблички на северот на Косово, којашто предвидуваше изрекување казни.

Барањето за одложување од 48 часа го упатија САД.

Амбасадорот на САД преку социјалните мрежи објави дека му предложил на косовскиот премиер да се одложи за 48 часа спроведувањето на изрекувањето на казните за возачите на возила со српски регистарски таблички на северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти преку Твитер објави дека го прифатил одложувањето, наведувајќи дека е „подготвен да работи на изнаоѓање решение во следните два дена со САД и ЕУ“.

Курти му се заблагодари на американскиот амбасадор во Косово Џефери Ховениер за неговата посветеност и рече дека ја прифатил понудата.

Амбасадата на САД во Косово ја изрази својата загриженост поради неуспехот да се постигне договор на средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ на 21 ноември во Брисел.

Министерството за надворешни работи на САД изрази разочарување поради неуспехот да се постигне договор меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ за ова прашање, по неколкучасовната средба што ја одржаа на 21 ноември во Брисел, со посредство на Европската унија.

Курти и Вучиќ „мора да направат отстапки за да не го загрозат тешко стекнатиот мир во и онака кревкиот регион“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Разочарување од недостигот на договор изразија и Европската унија, Велика Британија и НАТО.

Косовската полиција соопшти дека од 22 ноември ќе почне да изрекува казни за возачите кои не ги замениле регистарските таблички издадени од српските власти во РКС (Република Косово).

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …