Четири деца меѓу загинатите 39 при рускиот ракетен напад на железничка станица во Украина

Бројот на загинати при двата руски ракетни напади врз железничка станица со бегалци во Украина достигна 39, а стотина други се ранети. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ракетните напади врз станицата во Краматорск е намерен напад врз цивили.

Станицата во Краматорск се користи за евакуација на цивили од областите под бомбардирање на руските сили.

„Немајќи сила и храброст да ни се спротивстават на бојното поле, тие цинично го уништуваат цивилното население. Ова е зло кое нема граници. И ако не се казни, никогаш нема да престане “, изјави Зеленски.

Забрана за увоз на руски јаглен, ЕУ со нов пакет санкции против Москва

Првите извештаи зборуваа за 30 загинати, но таа бројка подоцна беше зголемена на 39 и во неа беа евидентирани и четири деца.

„Русите намерно се обидуваат да ја попречат евакуацијата на цивилите“, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

Градоначалникот на Краматорск, Олександр Хончаренко, рече дека околу 4.000 луѓе биле на станицата во моментот на нападот.

Руското Министерство за одбрана ги демантира овие тврдења посочувајќи дека не е одговорно за тој напад.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …