Зеќири поднесе неотповиклива оставка: „Верувам дека вистината ќе излезе на виделина“

Зеќири поднесе неотповиклива оставка: „Верувам дека вистината ќе излезе на виделина“

„Верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, вели Зеќири.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири поднесе неотповиклива оставка, откако се најде под истрага поради злоупотреби со тендерска постапка. Преку статус на Фејсбук порача дека верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста.

„Верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, вели Зеќири.

Во својот статус наведува дека низ неговиот работен век секогаш го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината.

„На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата генерален секретар на Владата“., вели Зеќири. Тој му се заблагодарува на премиерот Димитар Ковачевски на укажаната можност да биде дел од владиниот состав и што верувавал во неговата заложба и посветеност во работата.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. За Зеќири се бара притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска.

Според сознанијата на обвинителството, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …